понеделник, 6 април 2026

Поранешен советник на Обама: Ќе видиме дали американската војска ќе му каже „не“ на Трамп

Бен Роудс, поранешен заменик советник за национална безбедност во администрацијата на Барак Обама, остро го критикуваше пристапот на американскиот претседател Доналд Трамп кон војната со Иран, објави Би-би-си.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Роудс рече дека сегашната стратегија „сè повеќе изгледа како еден човек во една просторија да донесува одлуки“, предупредувајќи дека Трамп не ги следи вообичаените процеси на донесување одлуки.

Во интервју за Би-би-си Радио 4, Роудс истакна дека Трамп не ги користи вообичаените политички и воени советници. „Не изгледа како да се потпира на советници или да го следи нормалниот процес“, рече тој.

Тој исто така додаде дека претседателот ризикува да го прекрши меѓународното право со заканата дека ќе нападне цивилна инфраструктура.

„Ќе видиме дали американската војска е подготвена да му каже „не“ на Трамп“, рече Роудс. Тој верува дека војната не може да се заврши по воен пат, туку само преку преговори.

„Иран е ослабен од нападите, но во некои аспекти е и зајакнат, на пример преку демонстрација на сила во Ормускиот теснец“, заклучи тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ