петок, 12 декември 2025

Поради суперјахтата на Безос ќе биде расклопен историски мост во Ротердам (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Јахтата за милијардерот ја изградила холандската компанија Океанико, долга е 127 метри и висока 40 метри, поради што не може да помине под мостот.

Мостот Конингсхавен, локално познат и како Де Хеф, ќе биде размонтиран во централниот дел, и тоа само привремено, додека јахтата да ја помине оваа локација, пренесува Ројтерс.

Овој потег предизвика незадоволство кај граѓаните, бидејќи мостот има долга историја и сега е национален споменик, а големо реновирање беше направено меѓу 2014 и 2017 година, кога официјалните лица изјавија дека тој повеќе нема да биде расклопуван.

Сепак, потегот го оправдуваат со тоа дека е договорено дека со отворањето нови работни места за изградбата на јахтата е ветено дека ќе се овозможи нејзино поминување и дека мостот повторно ќе биде склопен.

Друго решение нема, бидејќи мостот се наоѓа на единствениот излез кон морето. Исто така, не било практично изградбата на јахтата да се заврши на друга локација.

На властите им е важно и Ротердам да ја задржи својата репутација како „главен поморски град на Европа“, бидејќи бродоградбата и активностите во овој сектор се важен столб на општеството.

Процесот на демонтирање и составување на мостот најверојатно ќе се изврши во текот на летото.

Јахтата позната како Ј721 ќе биде најголема од ваков тип во светот, ќе претставува врв на луксузот, а ќе има и помошна јахта и хелиодром.

Јахтата на Безос чини 485 милиони долари.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=wjXiAE6bK9g autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ