понеделник, 8 декември 2025

Поплава во Будва, надојдена река однесе автомобили (ВИДЕО)

Обилните дождови што ја зафатија Будва во текот на ноќта и утрото предизвикаа нагло зголемување на нивото на водата на реката Грѓевица, која поплави десетици автомобили оставени во нејзиното корито. Снимките од теренот покажуваат како порој носи сè пред себе во дел од градот што вообичаено служи како најголем паркинг во центарот, пишува Вијести.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Овој проблем се повторува речиси секоја година со првите обилни дождови. Имено, реката Грѓевица пресушува поголемиот дел од годината, па нејзиното корито, особено во летните месеци, се претвора во импровизиран паркинг за стотици возила.

Ова стана вообичаена практика бидејќи во Будванско поле, и покрај стотиците изградени згради и куќи, речиси и да нема уредени паркинг места, пишуваат црногорските медиуми. Обилните дождови создадоа проблеми и во другите населби во Будва.

Во Велје Виногради, улиците се претворија во реки, што практично го парализираше сообраќајот и движењето на пешаците. Ситуацијата не е подобра ниту во населбата Бабин До, каде што бројни улици се исто така под вода.

Жителите од тој дел на Будва тврдат дека честите поплави се предизвикани од блокираните канали што порано собирале дождовница, а кои биле затрупани или оштетени за време на интензивните градби во последните години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ