понеделник, 8 декември 2025

Полските војници на границата со Белорусија уште најмалку половина година

Објавено на

часот

Сподели

„Очекуваме понатамошни обиди за преминување на границата, сè до моментот кога таму ќе стои постојан ѕид. Тоа ќе биде за околу половина година, како што најави министерството за внатрешни работи и владата, бидејќи толку ќе трае изградбата. Ангажирање на војската прогнозираме уште најмалку половина година, нормално дека ќе биде таму сè додека е потребно“, кажа денес за државното полско радио заменик министерот за одбрана Војчех Скуркјевич.

Оградата висока 5,5 метри долж границата со Белорусија треба, според три договори за изградба кои на почетокот на јуни ги потпишаа со изведувачите полските власти, да биде завршена во јуни годинава, а полските даночни обврзници ќе ги чини околу 370 милиони евра а бидејќи е прогласена за итна и во јавен интерес решено е изградбата да не ја попречуваат други посебни прописи како градежниот закон или законот за заштита на животната средина.

Изградбата, меѓутоа, може да ја попречи Европската Унија, бидејќи металниот ѕид минува низ најдрагоцениот природен резерват, Бјаловешката прашума која е под заштита на Унеско и под посебна заштита на европската насока до 1992 година со која се штитат дивите флора и фауна на територијата на ЕУ.

Полски активисти веќе ги тужеа на крајот на минатата година полските власти пред Европската комисија затоа што специјалниот закон за изградба на ѕидот ги суспендира и нужните проценки колку и како градбата ќе влијае врз просторите заштитени во ЕУ со системот Натура 2000 а во последната така голема зачувана европска прашума сосема сигурно ќе оневозможи барем миграции на рисот, волкот и кафеавата мечка.

„Никаков јавен интерес не дава право да се избегне таква проценка што јасно веќе повеќе пати во своите пресуди го наведе Европскиот суд на правдата“, се наведува во тужбата против специјалниот закон за граничниот ѕид до Европската комисија.

Граничната стража се брани дека е предвидено во ѕидот да има премини за заштитените животински видови, на 186 километри 22 големи премини и дополнителни мали за помали животни, како влекачи, но признава дека премините ќе бидат отворани само ако тоа го дозволи актуелната ситуација на полско-белоруската граница, односно кога нема да има нелегални обиди на бегалците да преминат во Полска.

На границата на Полска и Белорусија според денешното соопштение на полската Гранична стража е значително помирно отколку минатата есен и во последните 24 часа нелегално се обиделе да преминат 18 бегалци, додека група од 35 синоќа без успех се обидела да ја собори оградата од бодликава жица.

За време на минатата година Граничната стража забележала речиси 40.000 обиди за нелегално преминување на границата, најмногу во октомври – 17.500.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ