„Политичката цел на Путин е да го уништи НАТО и од таа причина е важно да покажеме колку сме единствени“, кажа Моравјецки. Додаде дека во НАТО владее силно разбирање околу тензиите на неговото источно крило. Џонсон кажа дека ни Полска ни Британија не можат да прифатат свет во кој силниот сосед може да заплашува или напаѓа други.
Истакна дека Полска има клучна улога во европската безбедност. Лекцијата од изминатите сто години е дека, кога на Полска ќе ѝ се заканат нестабилност, војна и агресија, тогаш сите се загрозени, кажа британскиот премиер.
По состанокот двајцата лидер посетија касарна во Варшава во која се сместени британски војници. Тие им помагаат на полските војници на границата со Белорусија од декември. Британскиот министер за одбрана Бен Волис кажа во понеделникот дека ќе испрати уште 350 војници во Полска. Џонсон се сретна и со полскиот претседател Анджеј Дуда.
[video:https://youtu.be/f2KR2URXBjc autoplay:0]





