понеделник, 8 декември 2025

Полскиот министер: Европа е поблиску до војна од кога било во последниве 30 години

Објавено на

часот

Сподели

Обраќајќи им се на претставниците на 57-те членки на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ), Збигњев Рау не ја именуваше Русија, но наведе низа конфликти во кои наводно е вмешана Москва.

„Се чини дека заканата од војна на просторот на ОБСЕ е поголема од кога било во последниве 30 години“, рече Рау во говорот во кој ги истакна приоритетите на својата земја додека оваа година претседава со таа организацијата.

„Веќе неколку недели се соочуваме со можноста за голема воена ескалација во Источна Европа“.

Полска е меѓу најгласните членки на НАТО кога станува збор за соочување со она што го сметаат за ревизионистички амбиции на Русија во Источна Европа.

„Треба да се фокусираме на мирно решавање на конфликтот во и околу Украина“, додаде Рау, повикувајќи на „целосно почитување на суверенитетот, територијалниот интегритет и единството на Украина во нејзините меѓународно признати граници“.

Русија распореди околу 100.000 војници во близина на своите граници со Украина, која веќе се бори против сепаратистите поддржани од Москва на својот исток. Русија го анектираше украинскиот регион Крим во 2014 година.

Разговорите во четврток во Виена се први оваа недела на кои Украина ќе биде претставена, и тоа само на пониско, амбасадорско ниво.

Не е постигнат напредок во министерските разговори оваа недела меѓу Русија и САД во Женева и Русија и НАТО во Брисел. Во четвртокот Кремљ ги опиша безбедносните преговори на Русија со САД и НАТО како „неуспешни“ и рече дека има несогласување околу фундаменталните прашања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ