среда, 28 јануари 2026

Полски министер до Маск: Профитувањето од воени злосторства може да му наштети на твојот бренд

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски го критикуваше милијардерот Илон Маск откако американскиот Институт за проучување на војната (ИСВ) објави дека руските сили сè повеќе ги користат сателитските системи Стралинк за да го прошират дометот на беспилотните летала БМ-35 и да извршат напади со среден домет врз украински цели.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Еј, голем човеку, зошто не ги спречиш Русите во користењето на Стралинк за гаѓање на украинските градови. Профитирањето од воени злосторства може да му наштети на твојот бренд“, напиша Сикорски на Икс.

Обвинението повторно ја разгорува долгогодишната јавна расправија меѓу полскиот министер за надворешни работи и американскиот технолошки милијардер околу улогата на приватните технолошки компании во модерното војување и одговорноста за тоа како се користат нивните производи.

Маск претходно ги отфрли критиките од Сикорски и други европски претставници. Минатата година, тој го нарече Сикорски „мал човек“ откако министерот го доведе во прашање политичкото влијание и стратешката одговорност на Стралинк во војната во Украина.

Старлинк одигра клучна улога во одбраната на Украина од целосната руска инвазија во февруари 2022 година, обезбедувајќи интернет-врска за украинските сили откако руските напади го онеспособија поголемиот дел од телекомуникациската инфраструктура на земјата.

Киев на системот му припиша заслуга за помагање во одржувањето на командата, контролата и координацијата на бојното поле. Сепак, извештаите од 2023 година сугерираат дека руските сили можеби добиле пристап до Старлинк.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ