сабота, 7 февруари 2026

Полска затвори два аеродрома поради руските напади врз Украина

Два аеродрома во југоисточна Полска се затворени како мерка на претпазливост поради руските напади врз блиската украинска територија, соопштија полските власти денеска.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Во врска со потребата да се обезбеди можност за слободно работење на воената авијација, аеродромите во Жешов и Лублин привремено ги прекинаа летовите“, соопшти Полската агенција за воздушна навигација на Икс.

Двата града се наоѓаат блиску до границата со Украина, а Жешов е главно НАТО-средиште за снабдување на Украина со оружје.

Полските воздухопловни сили почнаа да дејствуваат во полскиот воздушен простор поради руските напади врз Украина, соопшти Оперативната команда на полските вооружени сили на Икс. „Овие акции се превентивни по природа и имаат за цел обезбедување и заштита на воздушниот простор, особено во областите во непосредна близина на загрозените региони“, соопшти војската. Војската соопшти дека немало нарушување на полскиот воздушен простор.

Услугата за следење на летови Флајтрадар24 објави на Икс дека затворањето вклучувало авиони на НАТО што дејствувале во областа. Федералната администрација за воздухопловство на САД во соопштението наведува дека двата аеродроми не се достапни поради воени активности поврзани со националната безбедност.

Минатиот месец, Жешов и Лублин привремено ги прекинаа операциите, но властите во тоа време изјавија дека воените воздушни операции се рутински и дека нема закана за полскиот воздушен простор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ