Моравјцеки, одговарајќи на новинарско прашање дали Полска ѝ испратила тенкови на Украина, кратко одговори „да“. Не сакаше да даде дополнителни детали за бројот и типот на испратените тенкови.
Полскиот премиер одговори и на прашањето дали се размислува и понатаму за испраќање на борбени авиони на Украина. „Нема таква потреба ниту имало такви барања“, кажа Моравјецки.
Полска минатиот месец објави дека е спремна да ги испрати своите борбени авиони МиГ-29 во американската воздухопловна база Рамштајн во Германија и да им ги стави на располагање на Американците, за тие да им ги испратат на Украинците. Вашингтон сепак го одби таквиот предлог.






