„Распоредено е оружје и службите активно работат на лоцирање на соборените објекти“, соопшти Полската оперативна команда. Се додава дека е во тек воена операција и ги повикаа жителите да останат во своите домови.
Полска е членка на НАТО, трансатлантскиот одбранбен пакт во кој учествуваат САД и кој го применува принципот дека нападот врз еден е напад врз сите.
Video of a russian drone that crashed in Poland allegedly pic.twitter.com/MwkNQU4N0D
— Kaguya’s Top Gal (@hayasaka_aryan) September 10, 2025
Полските вооружени сили ги кренаа своите авиони во воздух во текот на ноќта за да го заштитат својот воздушен простор.
„Полските и сојузничките авиони дејствуваат во нашиот воздушен простор, додека копнените системи за воздушна одбрана и радарско извидување се во највисок степен на готовност“, соопшти Оперативната команда на Полските вооружени сили.
Multiple Shahed drones have entered polish airspace.
Poland has been scrambling jets.
Netherlands has sent up a refuling plane and possible other jets in tow.
Italian AWACS also near Estonia and now heading south to Poland
Video from Lublin 🇵🇱
Pic 👇 Russian drones pic.twitter.com/ufsDJeAIOO
— Sytheruk 🇬🇧 🇺🇦 (@SythUK) September 9, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск потврди дека е во тек операција „поврзана со повеќекратни нарушувања на полскиот воздушен простор“.
Во објава на Икс, премиерот рече дека е во „постојан контакт“ со Министерството за одбрана и дека добил директен извештај од оперативниот командант.
Оперативната команда на полската армија наведе три региони кои во моментов се најранливи: Подласко Војводство, Мазовско Војводство и Лублинско Војводство.
Сите овие региони се наоѓаат во источниот дел на земјата и се граничат со Белорусија и Украина. Главниот град на Полска, Варшава, се наоѓа во центарот на Мазовското Војводство.
Полската војска известува дека нејзините сили и ресурси се „целосно подготвени за итен одговор“.
Полските вооружени сили потврдија дека објектите биле „соборени“. Ова би можело да биде прв пат земјата на НАТО директно да се вклучи во напад врз руски ресурси во својот воздушен простор од почетокот на војната во Украина во 2022 година, доколку се потврди дека објектите се руски.
Во исто време, ова не е прв пат полски борбени авиони да бидат подигнати од почетокот на конфликтот. Сепак, претходните случаи главно се однесуваа на руски беспилотни летала што минуваа низ полскиот воздушен простор обидувајќи се да стигнат до Украина.
Русија не коментираше за најновиот инцидент. Рускиот претседател Владимир Путин постојано негира каква било намера за водење војна против земјите од НАТО.






