четврток, 26 февруари 2026

Полска: Ние сме лојални сојузници на Америка, но нема да бидеме наивни

Соединетите Американски Држави остануваат најважниот воен партнер на Полска, а Варшава беше и ќе остане лојален сојузник, но нема да биде „наивна“, изјави полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски денес пред парламентот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Неговите забелешки го одразуваат деликатниот чин на балансирање што проевропската влада на премиерот Доналд Туск мора да го изврши за да одржи силен трансатлантски однос што го сметаат за клучен за националната безбедност во време кога американскиот претседател Доналд Трамп ги поткопува старите темели на европската безбедност, објави Ројтерс.

„Ги гледаме промените во Соединетите Американски Држави со разбирање, но и со загриженост“, им рече Сикорски на пратениците. „Ние бевме и ќе продолжиме да бидеме лојален сојузник на Америка. Но, не смееме да бидеме наивни“, рече тој.

Сикорски исто така ја повика Европа да преземе поголема одговорност за својата безбедност и ја нагласи улогата на европското единство.

„Заканата за суверенитетот и безбедноста на Република Полска доаѓа од еден правец – од исток, а не од запад. Или ќе останеме обединети или ќе бидеме проголтани од поголемите сили“, рече Сикорски.

Полскиот министер додаде дека одбраната на источното крило на НАТО од евентуална руска агресија би чинело најмалку 1,2 трилиони евра, 24 пати повеќе од буџетот за одбрана на Полска, што укажува дека финансиската и воената помош што ѝ се дава на Украина е далеку помала од веројатните трошоци за каква било потенцијална војна меѓу Русија и НАТО.

Иако сите страни од полскиот политички спектар ги сметаат САД за најважен гарант на безбедноста на Полска, членовите на владата на Туск го критикуваа Трамп, за разлика од националистичката опозиција и претседателот Карол Навроцки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ