среда, 28 мај 2025

Полска и Франција потпишаа договор, „Одредбите од договорот се револуционерни“

Полска и Франција денес ќе потпишат договор со кој се обврзуваат на меѓусебна помош во случај на воена закана, изјави полскиот премиер Доналд Туск. Договорот ќе биде потпишан во време на загриженост за безбедноста на Европа по руската инвазија на Украина, која граничи со Полска, и во време на европски сомнежи за долгорочната посветеност на американскиот претседател Доналд Трамп кон безбедноста на континентот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Договорот, кој двете земји ќе го потпишат во францускиот град Нанси, опфаќаат прашања од областа на одбраната, енергетиката, нуклеарната енергија и транспортот. „Одредбата што ја имаме во договорот е дека во случај на закана од напади врз Полска или Франција, двете земји се обврзуваат да обезбедат помош, вклучително и воена поддршка“, изјави Туск пред новинарите пред да замине за Франција.

„Според моето искуство, одредбите од договорот се револуционерни од перспектива на нашата безбедност.“

Туск рече дека новиот договор отвора можности за соработка кога станува збор за евентуалното проширување на францускиот нуклеарен чадор на Полска. Премиерот рече дека полско-францускиот договор не е „алтернатива“ на полските односи со САД.

„Потребни ни се и Америка и силна Европска Унија, исто така и во воена смисла“, рече тој. Туск додаде дека двете земји ќе преземат заеднички иницијативи за постигнување мир во Украина, но не даде дополнителни детали.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ