недела, 29 март 2026

Полициски час во Киев: цел град од 3 милиони луѓе е засолнет и чека (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Граѓаните на Киев се подготвуваат за уште една ноќ во засолништа, додека руските војници се на периферијата на главниот град.

Градоначалникот Виталиј Кличко рече дека нема поголемо руско воено присуство во главниот град, но дека се активни групи на саботери. Метрото во Киев сѐ уште се користи како засолниште за граѓаните. Кличко воведе полициски час што ќе трае до понеделник наутро и порача дека секој што ќе биде виден на улица ќе се смета за руски „саботер“.

Жителите се збиени во домовите, засолништата, подрумите и метростаниците додека го чекаат новиот руски напад.

„Притајување за време на полицискиот час во Киев, кој ќе трае до понеделник наутро, додека властите ловат ‘диверзантски и извидувачки групи’. Цел град од 3 милиони луѓе е засолнет и чека“, напиша на Твитер дописникот на Би-би-си од Киев.

Украинската војска воспостави телефонска линија за семејствата на руските војници што учествуваат во инвазијата на Украина, со порака „Вратете се живи од Украина“, јави Гласот на Америка за источна Европа. Во украинската порака се наведува дека повеќе од 3.000 руски војници веќе загинале од почетокот на инвазијата, а повеќе од 200 се заробени.

Некои руски телевизии се хакирани од групата Анонимус.

„Руските државни ТВ-канали се хакирани од Анонимус за да ја емитуваат вистината за тоа што се случува во Украина“, соопшти хакерската група.

Украинските железници ја исклучија струјата на главната железничка станица во Киев поради ракетирање во нејзина близина. Си-ен-ен јавува дека во мрак се и други делови од Киев од безбедносни причини.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ