недела, 29 март 2026

Полицијата приведе над 2.000 луѓе на антивоените протести во 44 руски града (ФОТО+ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Полицијата уапси повеќе од 2.000 луѓе на антивоените протести одржани денеска во 44 руски градови.

Со тоа, вкупниот број на уапсени од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари се искачи на над 5.000, објави независната руска група за следење протести ОВД-Инфо.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=gX4fr2D-vqQ autoplay:0]

Денешните протести се совпаднаа со седмата годишнина од атентатот на опозицискиот политичар Борис Немцов. Некои од денешните апсења се случија на импровизиран споменик недалеку од Кремљ на местото каде што беше убиен Немцов, изјави сведок на Ројтерс.

„Не војна“, извикуваа демонстрантите.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=lCpEKPMfNfA autoplay:0] [video:https://www.youtube.com/watch?v=TgrsxinwUeA autoplay:0] [video:https://www.youtube.com/watch?v=9TwQd_D1F5E autoplay:0]

Во Москва илјадници демонстранти скандираа „Слава на Украина!“

Руските власти го користат терминот воена операција и преземаат мерки против употребата на зборот „војна“ во медиумите. На секој медиум што го користи овој термин му се заканува гаснење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ