понеделник, 8 декември 2025

Полицајци спасија пилот од срушен авион неколку секунди пред да наиде воз (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

На снимките од полициската камера, може да се видат полицајците како брзаат да го извлечат тешко повредениот пилот од неговиот авион, кој паднал на железничка пруга на патот Сан Фернандо и улицата Озборн. Само неколку секунди откако го извлекуваат раскрвавениот пилот, може да се види возот како го распарчува леталото.

Полицајците и пилотот биле на само неколку метри од пругата кога возот што поминувал го распарчил авионот.

„Авионот не успеа да полета и слета на железничката пруга на сообраќајната раскрсница“, рече Луис Хименез, 21-годишник кој го снимил видеото. „Само неколку секунди пред судирот, полицајците го спасија пилотот, а парче од остатоците за малку ќе ме погодеше“.

Пилотот се здобил со исеченици и модринки, но тој е во стабилна состојба, јавуваат локалните медиуми. Во возот нема повредени, јавуваат локалните медиуми.

На видеото објавено од полициската управа во Лос Анџелес на Твитер се гледа како полицијата извлекува раскрвавен пилот од авионот.

Одделот ги пофали своите вработени пишувајќи во твит дека „покажале херојство и брза акција спасувајќи го животот на пилотот кој бил принуден да слета на железничката пруга“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ