сабота, 10 мај 2025

Погребот на папата Франциско во сабота, од утре ковчегот ќе биде изложен во базиликата Свети Петар

Ковчегот на папата Франциско ќе биде изложен од среда во 7 часот во базиликата Свети Петар во Рим, а погребот ќе биде во сабота на 26 април, соопшти денеска Ватикан.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Посмртните останки на папата моментално се наоѓаат во капелата на резиденцијата на Ватикан, каде што живееше од неговиот избор за поглавар на Римокатоличката црква во 2013 година.

Погребната церемонија на папата Франциско ќе започне во 10 часот по локално време во сабота на плоштадот Свети Петар, соопшти Ватикан.

Ковчегот потоа ќе биде пренесен во базиликата Света Марија Велика во центарот на Рим, каде што ќе биде погребан папата, се вели во соопштението.

Во тестаментот, папата Франциско изразил желба да биде погребан во римската базилика Света Марија Велика, а не во базиликата Свети Петар во Ватикан, како многу негови претходници.

„Гробот мора да биде во земја, едноставен, без посебна декорација и со единствен натпис: Franciscus“, пишува во краткиот папски тестамент.

Папата Франциско почина во понеделник наутро на 89-годишна возраст, а Ватикан вечерта го објави неговиот тестамент.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ