Комеморацијата ја предводеа претседателот на САД Џо Бајден и поранешните претседатели Барак Обама и Бил Клинтон, во чија администрација Олбрајт служеше како шефица на дипломатијата.
Околу 1.400 гости се простија од Олбрајт која минатиот месец умре од рак на 84 години.
Бајден ѝ оддаде почит на Олбрајт кажувајќи дека „нејзиното име е синоним за идејата дека САД е добра сила во светот“.
Поранешниот претседател Клинтон потсети дека пред да умре му кажа дека „не сака да зборува за влошувањето на своето здравје“, туку дека „единственото нешто што е важно е каков свет ќе им оставиме на внуците“.
На погребот, пренесува Асошиејтед прес, биле повикани странски гости, меѓу кои и претставници на Косово.
Олбрајт е родена во Чехословачка, од каде нејзиното семејство двапати бегало – прво од нацистите, а потоа од комунистичките власти. Завршиле во Соединетите Американски Држави, каде политички напредувала низ надворешнополитичките кругови на Демократската партија. Станала амбасадорка на САД во Обединетите нации, а Бил Клинтон во 1996 ја избра за државна секретарка.
Таа имала водечка улога во вршењето притисок администрацијата на Клинтон воено да интервенира на Косово. АП пишува дека „интервенцијата на НАТО во Србија на крајот била наречена „Војната на Медлин“.
[video:https://youtu.be/XZMQ-HcbeJM autoplay:0]





