понеделник, 15 декември 2025

Почвата од Фукушима преместена во дворот на премиерот како доказ дека е безбедна

Јапонските власти преместија контаминирана почва од префектурата Фукушима во дворот на канцеларијата на премиерот Шигеру Ишиба во Токио, во обид да ги ублажат безбедносните загрижености околу нејзината употреба во јавни работи.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Околу 20.000 кубни метри почва собрана за време на деконтаминација во близина на нуклеарната централа Фукушима Даичи ќе биде распослана во слој дебел 60 сантиметри под тревникот на комплексот владини згради, соопшти Министерството за заштита на животната средина, објави Кјодо.

Почвата има ниска радиоактивност и ќе биде покриена со дополнителен слој почва и постојано ќе се следи нивото на зрачење.

Ова е прв пат таква почва да се користи надвор од префектурата Фукушима.

Владата се надева дека симболичниот чин ќе ја демонстрира безбедноста на користењето контаминирана почва, со цел да се отстранат пречките за нејзина употреба низ целата земја – првенствено во инфраструктурни проекти.

Досега, ваквите планови наидоа на силен локален отпор, соопшти агенцијата. По нуклеарната катастрофа во 2011 година предизвикана од земјотрес и цунами, во Фукушима беа собрани вкупно 14,1 милиони кубни метри контаминирана почва.

Владата планира да ја премести почвата надвор од префектурата до март 2045 година. Според сегашните стандарди, почвата со нивоа на радиоактивен цезиум под 8.000 бекерели на килограм може да се користи за градежни и инфраструктурни работи.

Во моментов, околу 75 проценти од складираната почва во Фукушима ги исполнува овие критериуми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ