На случајот работеле српската служба за борба против тероризмот, министерството за внатрешни работи и обвинителството за организиран криминал, неофицијално дознава Новости.
Лицето И. Д. е приведено во обвинителството за организиран криминал.
Кај уапсениот се најдени детални планови за напад, како и преписка со радикални исламисти од Сирија и Западна Европа.
Уапсениот е Србин вахабист кој бил во контакт со Исламска држава, првично уапсен уште во 2017 година во Белград, кога се подготвувал со камион да гази луѓе во центарот на градот. Тогаш кај него биле најдени планови за напад како тој во Барселона.
Тој пред неколку години го примил исламот и бил во постојана врска со лидери на Исламска држава. Бил уапсен во моментот кога се подготвувал да грабне камион, со него да влезе во Кнез Михајлова улица и да прегази што повеќе луѓе.
Извори од српското министерство за внатрешни работи кажуваат дека во својот стан, компјутерот и мобилниот телефон имал детални нацрти и планови на нападот кој требало да изгледа како оној во Барселона во август 2018 година кога Мароканецот Јунес Абујакуб со комби влета во толпа луѓе пред трговски центар на Ла Рамбла. Тогаш беа убиени 13 а тешко повредени повеќе од стотина лица.






