понеделник, 30 март 2026

Почна евакуацијата низ „хуманитарни коридори“ во Украина (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Руските напади ги заробија луѓето во градовите, на кои им снема храна, вода и лекови во време на најголемата копнена војна во Европа од Втората светска војна.

Претходните обиди да се изведат цивилите на безбедно пропаднаа поради постојаните напади. Но денеска во видеата објавени од украинските власти се гледаа автобуси со луѓе што се движат по снежниот пат од источниот град Суми и жолти автобуси со црвен крст на нив упатени кон јужното пристаниште Мариупол.

Русија отвори „хуманитарни коридори“ за да може да се евакуираат луѓето од Киев и четири други украински града: Черхoв, Суми, Харков и Мариупол, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Министерството за одбрана додаде дека руските сили во Украина утрово вовеле „режим на тишина“, објави Ројтерс.

Украина почна да ги евакуира цивилите од североисточниот град Суми и од градот Ирпин во близина на Киев, соопштија украинските власти.

„Украинскиот град Суми доби даден зелен коридор, почна првата фаза на евакуацијата“, објави украинската државна агенција за комуникации на Твитер.

Триесет автобуси се на пат кон опколениот украински град Мариупол за да ги соберат евакуираните низ хуманитарен коридор на територијата под контрола на Украина, изјави на телевизија украинската вицепремиерка Ирина Верешчук.

Евакуацијата почна откако руските и украинските власти се договорија да воспостават „хуманитарни коридори“ за да им овозможат на цивилите да ги напуштат некои градови што се под опсада на руските сили.

Новинската агенција АФП објави дека девет лица, меѓу кои две деца, загинале во воздушен напад во Суми, украински град во кој се водат жестоки борби.

Додека некои луѓе бегаат во други градови во Украина, многумина решија да ја напуштат земјата. Сафа Мшехли, портпарол на Меѓународната организација за миграција на ОН, на Твитер објави дека сега заминале 2 милиони, вклучително и најмалку 100.000 луѓе што не се Украинци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ