недела, 7 декември 2025

Почина поранешниот јапонски премиер Мурајама познат по извинувањето за агресијата во Втората светска војна

Почина поранешниот јапонски премиер Томиичи Мурајама, најпознат по своето историско извинување за агресијата на Јапонија во Втората светска војна, почина денес, соопшти Социјалдемократската партија.

Фото: Википедија

Објавено на

часот

Сподели

Мурајама, кој беше премиер од 1994 до 1996 година, имаше 101 година. Почина во болница во градот Оита, изјави лидерката на социјалдемократите Мизухо Фукушима.

Во 1995 година, на 50-годишнината од крајот на Втората светска војна, тој изрази „длабоко жалење“ и „искрено извинување“ за „колонијалното владеење и агресијата“ на Јапонија. Изјавата на Мурајама беше поддржана од сите последователни влади.

Под Мурајама, јапонската влада, исто така, донесе закон за обезбедување обештетување на преживеаните од атомските бомбардирања на Хирошима и Нагасаки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ