понеделник, 8 декември 2025

По четири часа заврши состанокот Русија-НАТО во Брисел (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Состанокот меѓу претставниците на 30 држави членки на воениот пакт и претставниците на Москва се одржа во Брисел во рамки на Советот НАТО-Русија. Оваа група за првпат се сретна по повеќе од две години. Ова е втора рунда од преговорите оваа недела по почетниот состанок кој се одржа во Женева на 10 јануари.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг напиша на Твитер дека ова е „правовремена прилика за дијалог во критичен момент за европската безбедност. Кога тензиите се високи, уште поважно е да седнеме на иста маса и да се позанимаваме со нашите загрижености“.

Столтенберг и шефвите на руската делегација, заменик министерот за надворешни работи Александар Грушко и заменик министерот за одбрана Александар Фомин, позираа за медиумите пред почетокот на состанокот.

[video:https://youtu.be/9v_QZpcdOLI autoplay:0]

На состанокот во Брисел, како шефица на американскиот тим, учествуваше и заменичката на државниот секретар Венди Шерман, главниот американски преговарач од Женева. Грушко состанокот кој траеше околу четири часа го опиша како „момент на вистина“ во односите на Русија и НАТО.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков повтори дека Русија и понатаму е загрижена поради можноста за ширење на западна воена алијанса.

„Нормално, Русија е загрижена за какво било проширување на НАТО. НАТО не е инструмент на развој, тој е инструмент на конфронтација“, кажа Песков во Москва.

[video:https://youtu.be/fKrRCMxKJfg autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ