На прашањето како го гледа двегодишниот мандат на претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, Пленковиќ кажа дека има две нивоа.
„Надворешната политика, штетно, изолирано. Внатрешната токсично, снижување на културата. Комуникација на ниво на вербално дивјаштво. Придонес на подобрувањето на кој било сегмент на хрватската држава – нула“, кажа Пленковиќ, додавајќи дека политичката култура на Милановиќ „е на ниво на пијаница во некоја биртија“.






