„Колку што знам јас, тие луѓе заминаа од Хрватска. Мислам дека летале над Белград или така нешто. Нема тука никаква русофобија“, кажа Пленковиќ.
„Пружаме повеќе од другите, мислам дека им дадовме две недели да ја напуштат Хрватска, и не гледам никаков проблем“, кажа Пленковиќ, а пренесуваат хрватските медиуми.
Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова претходно ја обвини Хрватска дека одбила да организира хуманитарен лет за руските дипломати меѓу кои имало мали деца.
„Таквиот нехуман и крајно циничен однос кон нашите сограѓани нема да помине без соодветен одговор“, се закани Захарова.
Хрватска „одговори слично како повеќето западни земји на од ништо предизвиканиот напад на Украина“, кажа Пленковиќ и додаде дека Русија „продолжува да гранатира градови, да убива цивили, војници, жени и деца“.
Од Хрватска беа протерани 18 руски дипломати и шест члена на персоналот, а рокот за напуштање на државата беше 25 април. Хрватска со тоа се придружи на низата земји кои го направија таквиот дипломатски чекор кон Русија.






