Писториус за јавниот сервис ЗДФ изјави дека конфликтот на Блискиот Исток и војната на Русија против Украина ќе имаат последици во германското општество.
„Мора да се навикнеме на идејата дека во Европа би можела да постои опасност од војна“, изјави германскиот министер за одбрана.
Писториус рече дека Германија истовремено ќе направи сѐ за да спречи понатамошна ескалација на блискоисточниот конфликт.
Зборувајќи за ситуацијата во Бундесверот, германскиот министер изјави дека не само што е создаден посебен фонд вреден 100 милијарди евра, туку се сменети и структурите.
Според Писториус, Бундесверот одамна е запоставен, но до крајот на деценијата ќе биде во сосема поинаква позиција.