петок, 19 декември 2025

Пилот одбил да лета со авион полн со патници поради „внатрешно чувство“

Летот 466 на Делта Ерлајнс од Атланта до Лас Вегас беше одложен повеќе од еден час во саботата, 16 август, откако кај пилотот проработил инстинктот. Капетанот одбил да полета поради како што рече „инстинктивно чувство“.

Илустрација: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Патниците ја поздравија неговата одлука и набрзо биле префрлени во друг авион.

Боингот 757 поминал технички преглед и добил дозвола за лет, но капетанот, кој претходно летал со истиот авион, се сомневал дека проблемот што бил забележан претходно сè уште постои.

Тој им кажал на патниците дека има доверба во техничарите, но дека не може да го игнорира потенцијалниот ризик.

Капетанот Шејн и првиот офицер Мајкл, како што беа идентификувани во објава на корисник на Редит, нагласија дека не веруваат дека одржувањето било немарно, но дека „недостатокот на докази за дефект не значи дека нема дефект“.

Капетанот рече дека не одбил авион 22 години, а неговиот копилот рече дека последниот пат го сторил тоа пред седум години.

Летот на крајот е изведен со друг авион – Боинг 757-200 – и пристигнал на аеродромот Хари Рид во Лас Вегас еден час и три минути подоцна од предвиденото.

Техничкиот персонал претходно го проверувал авионот девет часа откако пристигнал во Атланта од Мајами, но не можел да ја пронајде причината за проблемите со контролата на висината што пилотите претходно ги опишале. Капетанот Џејсон Амбрози, претседател на Здружението на синдикати на пилоти (АЛПА), рече дека пилотите се последната инстанца кога станува збор за безбедноста.

„Нивното искуство и вештини за донесување одлуки се клучни за секој лет. Како високо обучени професионалци, тие ги препознаваат ризиците и се стремат да го направат веќе безбедниот систем уште побезбеден.“

Експертите потсетуваат дека кога секој капетан презема авион, покрај авион од повеќе милиони долари, тој презема и одговорност за стотици животи.

Токму професионализмот и свеста за безбедноста се причината зошто воздухопловството е сè уште најбезбедната форма на транспорт.

Според американските прописи, пилотот го има последниот збор во донесувањето на сите одлуки за летот и е законски овластен да одбие полетување ако процени дека леталото е небезбедно – без разлика дали поради технички проблеми, лошо време, исцрпеност на екипажот или други фактори.

И покрај можните последици по кариерата, сериозните авиокомпании, како што се нагласува, ја поддржуваат одлуката на капетанот ако е донесена од безбедносни причини. Во овој случај, патниците го препознале ова и го наградиле со аплауз, пренесува Аеро.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ