петок, 12 декември 2025

Пијан возач поминал на црвено, удрил во 31 автомобил и предизвикал пожар (ФОТО+ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Три лица се полесно повредени во вторникот вечер, а во инцидентот во Фирт, недалеку од Нирнберг, оштетени се 31 возило.

Возачот на камионот најпрвин не реагирал на црвеното светло, поради што удрил во автомобил на раскрсницата, па продолжил без да застане, се вели во полициското соопштение.

Набргу потоа камионот удрил во неколку паркирани автомобили и ги турнал напред, а некои биле забиени покрај ѕидовите на зградите.

Во верижниот судир се запалиле неколку автомобили, фасади на куќите и самиот камион. Станарите се евакуирани.

Возачот, 50-годишен турски државјанин без постојан престој во Германија, е уапсен на лице место.

Алкотестот покажал дека тој имал далеку поголемо количество алкохол во крвта од дозволеното. Со полесни повреди се здобиле возачот на камионот, возачот на автомобилот кој камионот го удрил на семафорот и еден случаен минувач.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ