недела, 15 март 2026

Петмина американски морнари на суд, обвинети се за протекување информации за падот на Ф-35

Објавено на

часот

Сподели

На снимката, која масовно се споделуваше на социјалните мрежи, се гледа моментот кога скапоцениот модерен авион се запалил и се урнал во морето при неуспешно слетување на носач на авиони.

Виш началник, заставник и три главни подофицери се обвинети за кршење на кодексот на военото правосудство, потврди морнарицата, одбивајќи да ги објави имињата на обвинетите.

„Истрагата за неовластеното пуштање на снимката од бродот е завршена“, кажа портпаролот на американското воено воздухопловство Зек Харел.

Инцидентот за кој станува збор се случил на 24 јануари, кога Ф-35Ц на американската воена морнарица не успеал правилно да слета на палубата, по што се урнал во морето од носачот на авиони УСС Карл Винсон на неоткриена локација во Јужното Кинеско Море.

Шест морнари беа повредени, а пилотот успеал безбедно да се катапултира.

Слики од падот почнаа да кружат по интернет неколку дена по инцидентот, вклучувајќи фотографија од оштетениот борбен авион како плута во морето, како и кратка снимка од Ф-35 како се спушта за слетување.

Конкретни снимки поврзани со обвиненијата се со лош квалитет, но американската морнарица го потврди инцидентот.

На снимка, која се појави во медиумите на 6 февруари, се гледа како авионот гори додека се влече по палубата.

Портпаролот на морнарицата кажа дека протекувањето на последната снимка било проблематично бидејќи „тоа е владин документ објавен без соодветното прочистување“, додека другите снимки се третирани поинаку бидејќи се снимени со „личен уред“.

Најновиот американски повеќенаменски ловец Ф-35, секој вреден над 100 милиони долари, се мачеше со низа проблеми, вклучувајќи доцнење во развојот, надминување на трошоците и дефекти на опремата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ