среда, 31 декември 2025

Петков за прекинот на рускиот гас: Ова е кршење на постоечките договори

Објавено на

часот

Сподели

Петков кажа и дека Софија ги разгледува сите договори со Газпром вклучувајќи го и транзитот на рускиот гас за Македонија, Србија и Унгарија.

Предупредувањето на Русија дека ги прекинува испораките на Бугарија поради барањето гасот да се плаќа во рубли претставува тешко кршење на постоечкиот договор и претставува уцена, кажа Петков, а пренесува Ројтерс.

Петков наведе дека разговарал со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен, која го уверила дека економскиот блок со 27 членки ќе има заеднички одговор на постапката на Русија.

Рускиот енергетски гигант Газпром соопшти утринава дека целосно ги прекинал испораките на гас за Бугарија и Полска бидејќи одбиле да платат во рубли за гасот испорачан во април.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ