„Повторно сме соочени со целосна саботажа на обвинителството на Бугарија на чело со господинот Иван Гешев“, изјави Петков, пренесе бугарската агенција БТА.
We need to reestablish the rule of law in Bulgaria and will work determined and tirelessly for achieving this goal, using all national and #EU tools. https://t.co/4G4BruUeAi
— Kiril Petkov (@KirilPetkov) March 19, 2022
Петков и министерот за внатрешни работи Бојко Рашков синоќа одржаа вонредна прес-конференција на Советот на министри на која го коментираа притворот на Борисов и подоцнежното ослободување.
„Се прикриваат документи кои можат да доведат до обвинување, до кои лесно можеме да дојдеме. Исто така се прикриваат и игнорираат информации за да се спречи правна истрага“, рече премиерот по ослободувањето на Борисов од притвор.
Поранешниот премиер и лидер на партијата ГЕРБ Бојко Борисов во четвртокот вечерта беше приведен заедно со поранешниот министер за финансии Владислав Горанов и својата советничка за медиуми Севдалина Арнаудова, а ден подоцна беа ослободени.
По нивното ослободување, обвинителството соопшти дека немаат доволно информации за да ги обвинат. Петков рече дека обвинителството ја попречува работата на секој што се обидува да се справи со корупцијата во Бугарија.
„Постои сериозен проблем за бугарското обвинителство, а тоа е дека Европското јавно обвинителство ЕЕПО работи на овој случај. Додека фактите вообичаено се прикриваат, а бугарската јавност останува неспособна да види што се случува, сега постои паралелна европска структура во која повеќе веруваме“, рече Петков.
Тој нагласи дека Бугарија повеќе нема да биде заробена држава и дека ќе направи се „да стане нормална европска држава“.






