понеделник, 13 април 2026

Песков за победата на Маѓар: Не испраќаме честитки до непријателски земји

Кремљ нема да му честита на лидерот на партијата Тиса, Петер Маѓар, за неговата победа на парламентарните избори во Унгарија, изјави денес портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

“Не испраќаме честитки на непријателски земји. А Унгарија е непријателска земја, таа ги поддржува санкциите против нас”, изјави Песков, пренесува РИА Новости.

На прашање на новинарите дали тоа значи дека Москва е во пријателски односи само со унгарскиот премиер во заминување Виктор Обран, Песков одговори дека тие со него „разговарале“.

Песков, исто така, рече дека Кремљ не гледа поврзаност помеѓу резултатите од изборите во Унгарија и случувањата во Украина, оценувајќи дека тоа се „одделни процеси“.

„Не мислам дека ова има каква било врска со иднината на руско-украинскиот конфликт. Веројатно се работи за различни процеси. Затоа, не гледам никаква врска тука“, изјави Песков.

Песков додаде дека Москва ќе следи дали општиот став на новото унгарско раководство е прагматичен или политизиран.

„Отворени сме за изградба на добри, заемно корисни односи“, рече Песков.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ