среда, 1 април 2026

Песков: Снимките од Буча се лажирани, сето тоа е измислено, тоа е лага (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Новинарот Марк Остин го праша Песков за снимките со мртви тела на улиците на Буча.

„Сето тоа е измислено, тоа е лага“, рече Песков, на што новинарот реагираше со: „Дали сфаќате колку гротескно звучи тоа, дека тие снимки се некаков заговор или пропаганден трик?“

„Всушност, тоа не е заговор, тоа е храбар фалсификат“, одговори Песков. „Снимките од Буча се храбар фалсификат и ние за тоа зборуваме неколку дена, но никој не сака да нѐ слуша. Ние претставувавме мошне детални објаснувања.“

Новинарот тогаш го праша: „Вие сугерирате дека тоа е заговор меѓу компаниите за сателитски фотографии, меѓу Украинците, меѓу сите западни медиуми, велите дека е заговор.“

„Да, секако, сето тоа може да биде лага, игра на лаги. Понекогаш мора да се посомневате во она што ви се претставува, не може за сѐ да ги обвинувате Русите“, рече портпаролот на Путин.

„На сателитската снимка можете да ставите кој било датум“, рече Песков, додавајќи дека руските власти наскоро ќе дадат детални објаснувања.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ