среда, 10 декември 2025

Песков: Русија сака долгорочен мир со Украина, а не прекин на огнот

Русија работи на постигнување мир во Украина, а не прекин на огнот, изјави денес портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков на прес-конференција, коментирајќи ја изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски за подготвеноста на Киев за „енергетско примирје“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Пред сè… работиме на мир, а не на прекин на огнот“, рече Песков, истакнувајќи дека „одржливиот, загарантиран, долгорочен мир, постигнат со потпишување релевантни документи, е апсолутен приоритет“, објави ТАСС, известувајќи дека изјавите на Зеленски, интервјуто на американскиот претседател Доналд Трамп за Политико и неговото директно обраќање до рускиот лидер Владимир Путин биле главни теми на брифингот.

Песков рече дека изјавата на Зеленски за подготвеноста за одржување претседателски избори во Украина е „сосема нова“ од перспектива на Киев, но истакна дека рускиот претседател „одамна зборува“ за потребата од тоа, поради што Москва ќе „види како ќе се развиваат настаните во таа насока“.

Песков исто така рече дека изјавите на американскиот претседател за Политико во врска со членството на Украина во НАТО и губењето на територијата од страна на Киев во голема мера се совпаѓаат со ставот на Русија.

Конзистентноста на изјавите на Трамп за Украина со ставот на Русија е важна „од перспектива на изгледите за мирно решение“, додаде портпаролот на Кремљ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ