недела, 22 февруари 2026

Песков: Русија ќе преземе мерки доколку нуклеарно оружје се најде во Естонија

Москва ќе преземе мерки доколку во Естонија биде распоредено нуклеарно оружје насочено кон Русија, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Доколку на естонска територија се најде нуклеарно оружје насочено кон нас, тогаш нашето нуклеарно оружје ќе биде насочено кон естонска територија. Естонија мора да го сфати ова сериозно“, изјави Песков, според новинската агенција РИА Новости.

Тој нагласи дека Москва секогаш ќе стори сè што е потребно за да обезбеди безбедност, особено во областа на нуклеарното одвраќање, и нагласи дека Русија не претставува закана за европските земји.

Естонскиот министер за надворешни работи Маргус Цахкна претходно изјави дека Естонија е подготвена да распореди нуклеарно оружје на своја територија доколку тоа го побара НАТО, истакнувајќи дека Алијансата ќе изврши напади длабоко во Русија ако Москва се осмели да изврши инвазија врз балтичките земји.

„Ќе донесеме војна во Русија и ќе имаме напади многу длабоко во Русија. Точно знаеме што да правиме. Затоа сега ги забрзуваме нашите инвестиции и ги развиваме нашите капацитети… Затоа инвестираме пет проценти од БДП во одбраната во нашиот регион“, нагласи естонскиот министер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ