среда, 1 април 2026

Песков: Никому да не му падне на памет да ја нападне Русија

Објавено на

часот

Сподели

Изјавата на Песков следи по денешниот напад на склад за нафта во Белгород, руски град на границата со Украина, за што Москва го обвини Киев.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу го извести претседателот на Русија Владимир Путин дека земјите на НАТО го јакнат својот воен потенцијал кон руските западни граници, кажа Песков, а пренесоа руските агенции.

„Путин му даде инструкции на Шојгу, а нашето министерство за одбрана сега работи на тоа да развие план за зголемување и зајакнување на нашиот воен потенцијал на западните граници како одговор“, истакна Песков.

Нормално, тоа ќе биде направено на начин да се заштитиме и во сè да се одржи неопходниот паритет, за никому да не му падне на памет да нè нападне, кажа Песков во интервјуто за телевизискиот канал Белорусија 1, чиј дел беше емитуван денес.

Изјавата на портпаролот на Кремљ следи по денешниот напад на складот со нафта во Белгород, при што се запалија осум резервоари со гориво и руските власти стравуваа пожарот да не се прошири и на преостанатите осум резервоари и цистерна во која се наоѓаат 2.000 кубни метри дизел гориво.

Нападот бил извршен со хеликоптери Ми-24, какви што користи украинската војска, и руската страна го обвини Киев за нападот.

Станува збор за прво обвинување за украински воздушен напад на руско тло од почетокот на инвазијата.

Доцна вечерва највисокиот украински безбедносен функционер ги отфрли обвинувањата на Русија. Зборувајќи на националната телевизија секретарот на Советот за безбедност Алексиј Данилов кажа: „Од некој причина велат дека ние сме го направиле тоа, но според нашите информации тоа не одговара на реалноста“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ