„Не, засега нема таков план“, изјави Песков за новинарите.
Коментирајќи го предлогот на Турција и Казахстан за посредување меѓу Русија и Украина, Песков рече дека се водат директни преговори меѓу руската и украинската делегација.
На новинарско прашање зошто руската специјална операција во Украина не се нарекува војна, Песков одговори дека прашањето е емотивно.
„Вие прашањето го поставувате од гледна точка на емоции. Јас ви зборувам официјално: претседателот како врховен командант даде наредба да се почне специјална операција и се спроведува специјална операција“, рече Песков додавајќи дека нејзината цел е „демилитаризација и денацификација“ на Украина.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска во видеообраќање до учесниците на седницата на Советот за човекови права на ОН изјави дека на власт во Киев се „ултранационалисти и неонацисти“, кои дошле благодарение на пуч поддржан од Западот.
Портпаролот на Кремљ кажа и дека Кремљ „нема информации“ за загубите на руската армија.
На прашањето дали Путин го известуваат за загубите на руската армија, тој одговори потврдно.
„Претседателот на Русија е целосно информиран за развојот на операцијата“, рече Песков.






