На прашањето на Си-ен-ен на редовна прес-конференција колкави се шансите Путин да објави војна на Денот на победата, Песков кажа „никакви“ и додаде: „Ова е глупост“.
Песков ги отфрли извештаите дека Путин би можел да го искористи Денот на победата за да најави мобилизација во земјата.
Аналитичари и западни функционери претходно кажаа дека веруваат дека на 9 мај, по повеќе од два месеци од нарекување на инвазијата на Украина „специјална воена операција“, Путин би можел официјално да објави војна.






