недела, 7 декември 2025

Перу ја прогласи мексиканската претседателка за персона нон грата

Перуанскиот конгрес ја прогласи мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум за „персона нон грата“, неколку дена откако неговата влада ги прекина дипломатските односи со Мексико, кое ѝ додели азил на поранешната перуанска премиерка Бетси Чавез.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Чавез беше премиерка за време на соборениот и затворен поранешен претседател Педро Кастиљо, а Перу ги прекина дипломатските односи откако Чавез се скри во мексиканската амбасада во Лима за да побара азил.

Мексиканската влада во соопштението порача дека на Чавез ѝ понудиле азил во согласност со меѓународното право, отфрлајќи го тврдењето на Перу дека се работи за „непријателски чин“.

Перуанскиот министер за надворешни работи Уго де Зела, за Ројтерс изјави дека правните експерти ја разгледуваат „Конвенцијата од Каракас“ од 1954 година, која Мексико ја наведе како правна основа за давање азил.

„Тоа е анализа што побаравме да се спроведе брзо, но со потребното внимание за да се направи квалитетно“, рече Де Зела, кој беше назначен за министер за надворешни работи од новиот претседател Хозе Хери минатиот месец.

Односите меѓу Перу и Мексико се затегнати од 2022 година, кога Мексико им додели азил на сопругата и децата на Кастиљо по неговото апсење. Кастиљо, кој потоа се обиде да го распушти Конгресот, чека изрекување пресуда, а Де Зела објави дека конечната одлука ќе биде донесена до крајот на неделата.

Бетси Чавез е обвинета за заговор за нејзината наводна улога во обидот за распуштање на Конгресот и се соочува со казна затвор до 25 години.

Таа беше во притвор од јуни 2023 година, но судија ја ослободи во септември додека судењето сè уште трае.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ