недела, 29 март 2026

Пентагон: Русија во Украина испрати речиси 75 отсто од силите натрупани на границата

Објавено на

часот

Сподели

Рускиот претседател Владимир Путин вчера ја крена борбената готовност на силите за одвраќање, кои имаат нуклеарно оружје.

„И понатаму го следиме тоа и го следиме внимателно“, им кажа на новинарите висок функционер на Пентагон. „Мислам дека не сме виделе ништо конкретно како последица на неговата одлука. Барем не засега“, додаде.

Функционерот призна дека е тешко да се знае што се криза зад наредбата на Путин. „Но, самиот факт што го спомнува и се заканува со употреба на нуклеарните сили е непотребно и значи голема ескалација“, кажа функционерот, повторувајќи дека „НАТО никогаш не бил закана за Русија“.

САД не го сменија нивото на својата нуклеарна готовност како одговор на одлуката на Путин.

„Колку што знаеме, сите сили кои влегоа во Украина се руски“, кажа функционерот на Пентагон, додавајќи дека Русија досега на украинска територија испратила „речиси 75 отсто“ од своите борбени сили кои во последните месеци ги поставуваше на границата.

Главните руски напори и понатаму се насочени кон Киев, но напредувањето на руските сили, според Пентагон, е успорено на петтиот ден од инвазијата. Во изминатите 24 часа руската колона која оди кон главниот украински град „напредувала околу 5 километри“, и сега е на 25 километри од градот.

Американската војска мисли дека Русите сакаат да го опкружат Киев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ