понеделник, 30 март 2026

Пентагон: Нов руски конвој напредува кон Киев

Објавено на

часот

Сподели

„Сакам да ви обрнам внимание на фактот дека тие почнуваат да се обидуваат да напредуваат кон Киев од североисток“, им кажа на новинарите извор од американското министерство за одбрана. „Проценуваме дека се околу 60 километри оддалечени од градот“, кажа тој, но не можеше да каже колку возила има во конвојот.

Според истиот извор од Пентагон, Русите се наводно фрустрирани бидејќи нивното напредување од север кон Киев веќе неколку дена не мрда поради украинскиот отпор, логистички проблеми и снабдувањето.

Тој зборувал за главниот руски конвој од стотина возила кој е на дваесетина километри од Киев, а уште еден е блокиран на околу 150 километри од главниот град, во Чернигов. Новиот конвој е дел од напорите на Москва да го „опкружи Киев и да го натера на капитулација“, смета американскиот функционер.

„Бидејќи не го постигнаа географскиот напредок за кој мислиме дека го очекуваа, ги засилија бомбардирањата на градот со ракети, проектили, артилерија и воздушни напади“, кажа тој, а резултат на тоа, според него, е што сè повеќе цивили се наоѓаат под оган. „Го јакнат притисокот врз Киев“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ