Тој синоќа кажа дека САД не биле вклучени во одлуката на Украинците да го нападнат бродот ниту во операцијата која ја спровеле, ниту дека имале претходни информации за намерата на украинските сили да го гаѓаат бродот.
Кирби истакна дека „Украинците имаат сопствени разузнавачки капацитети за следење и гаѓање на руските бродови, како во овој случај“.
Украина соопшти дека кон средината на април го погодила рускиот крстосувач „Москва“ со две противбродски ракети „Нептун“. Бродот потона при влечењето во пристаниште на поправка.
Русија на 14 април призна дека „Москва“ потонал, тврдејќи дека причина за катастрофата е експлозија на муниција. Кремљ тогаш соопшти дека сите 500 члена на екипажот се спасени по експлозијата на 13 април.






