„Не мислиме дека предлогот на Полска е одржлив“, кажа Џон Кирби во соопштение.
Тој оцени дека конкретно таквата акција на воена помош на Украина во време на руската инвазија на таа земја би го довела НАТО во уште посложена ситуација.
Полска вчера соопшти дека е спремна итно, без надомест, да ги стави своите авиони МиГ-29, кои повеќе пати од НАТО членки ги замоли Киев, на располагање на САД во американската база Рамштајн во Германија, од каде би можеле да бидат префрлени во Украина.
Кирби кажа дека најавата на Полска дека намерава да испрати 28 авиони во американската база во Германија отвора загрижувачка можност воените авиони да тргнат од базата и да летаат во воздушен простор кој се спорен во односите со Русија во украинскиот конфликт.
„Ќе продолжиме да се консултираме со Полска и нашите други НАТО сојузници за ова прашање и тешките логистички предизвици кои тоа ги поставува, но не мислиме дека полскиот предлог е одржлив“, кажа Кирби.
Предложени воени авиони би биле поттик за моралот на Украинците кои се под руска инвазија речиси две недели, но тоа претставува ризик да се прошири војната надвор од Украина.
Русија соопшти дека поддршка на украинските воздухопловни сили би ја сметала за влегување во војната и на тоа би можела да возврати.
Американските функционери не биле однапред информирани за полската понуда за авионите МиГ-29. Тој предлог не бил спомнат во разговорите на американскиот државен секретар Ентони Блинкен за време на неговата посета на Полска викендов, кажа американски функционер запознаен со прегворите.






