Телефонскиот разговор, прв на двајцата воени функционери, е одржан пред сè за да се намалат ризиците од инциденти и да се разменат мислења за актуелната европска безбедност, кажа портпаролот на американскиот генералштаб Дејв Батлер во кратко соопштение.
Тој кажа дека двајцата генерали се сложиле да не се објавува содржината на разговорот.
Руската и белоруската војска денес почнаа големи маневри во Белорусија во близина на границата со Украина која е во центарот на тензиите меѓу Западот и Русија и во време кога се водат интензивни дипломатски напори за да се смири кризата.
Пред воената вежба руската војска објави видео на кое се гледа како противвоздушен систем С-400 ги врти своите ракети кон небото од снежниот терен во белоруската област Брест, на границата со Украина.
[video:https://youtu.be/iUEteUaUiec autoplay:0]Руската и белоруската војска не прецизираа колку војници и опрема учествуваат во таа воена вежба, но Западот тврди дека 30.000 руски војници се распоредени во Белорусија со таа цел.






