сабота, 10 мај 2025

Павел: Трамп се обидува да договори мир по секоја цена, без разлика колку тоа ќе ги чини Украина и Европа

Чешкиот претседател Петр Павел ги осуди САД бидејќи вршат многу поголем притисок врз Украина отколку врз Русија и оцени дека американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да договори мир по секоја цена, без разлика колку тоа ќе ги чини Украина и Европа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа што сега е на маса, попрво навестува напор за постигнување мир, каков било, за да може Доналд Трамп да објави дека успеал да договори мир, без разлика колку тоа ќе биде поволно за Украина и какви последици ќе има за Европа“, рече во средата чешкиот претседател за време на турнејата во регионот Храдец Кралове на истокот на земјата.

Тој ги критикуваше Трамп и неговиот тим дека вршат многу поголем притисок врз Украина и предупреди дека ако Русија излезе од војната засилена и убедена дека агресијата се исплати, Европа може да смета дека ќе се „претплати“ на слични проблеми во иднина.

„Од самиот почеток се залагам дека за мир е неопходен компромис. Но, тој не треба да биде ултиматум за Украина и награда за агресорот. Мирот што ќе се договори треба да биде што е можно поправеден за Украина“, рече Павел.

Чешкиот претседател предупреди и дека доколку мировниот договор навистина содржи одредени територијални отстапки, тие не смеат да бидат трајни.

„Доколку се договорат некои територијални отстапки, тие би можеле да бидат прифатени само како привремено решение, а не како трајно законско одобрување на ситуацијата за окупираните територии да станат легитимно руски“, рече Павел.

Тој најави дека ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски на самитот на Иницијативата Три мориња во Варшава на почетокот на следната недела за да разговара за можен мировен компромис што би бил прифатлив за Украина и потребата од муниција и оружје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ