„Во Русија се формира посебна цивилизација која несомнено ќе биде привлечна за голем број земји низ целиот свет.
Особеноста на модерната руска цивилизација е тоа што ние комбинираме напредна наука, развиен политички систем и силна економија со искрена и длабока вера во Господ и Спасителот“, рече патријархот, како што објави веб-страницата на Руската православна црква.
Тој истакна дека, за разлика од „напредните земји на Западот кои се откажуваат од Бога“, во Русија се градат илјадници храмови. Во исто време, тој нагласи дека земјата е „на чело на научниот и технолошкиот развој“, пренесува Спутник.
„Силата на нашата држава е потврдена со исклучителни научни достигнувања, вклучувајќи области што научната мисла на повеќето западни земји сè уште не ги допрела“, рече патријархот Кирил.






