сабота, 27 декември 2025

Папата за прв пат во јавност во инвалидска количка

Објавено на

часот

Сподели

На аудиенција со група калуѓерки во Ватикан, Папата бил донесен во инвалидска количка до неговото место на сцената. Притоа асистент му помогнал да стане и да седне.

Папата во последните месец дена поради болки во десното колено морал неколку пати да ги откажи или намали активностите.

Неколку пати за време на велигденските празници минатиот месец Папата иако бил присутен не ја водел мисата во базиликата Св. Петар.

Секој пат должноста ја делегирал на надбискупот или кардиналот, додека тој за време на мисата седел и својата проповед ја читал седејќи.

Папата кажа дека лекарите му рекле дека ќе му дадат инјекции за да му помогнат полесно да се движи. Не е познато дали почнал да ја прима оваа терапија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ