„Положете го оружјето“, кажа папата вчера пред илјадниците верници кои на плоштадот Свети Петар го одбележуваа празникот Цветници.
„Нека почне велигденското примирје. Но не за да се обноват резервите вооружување и потоа да се продолжи со борбите, туку примирје кое би отворило пат до мирот преку преговори“, кажа папата.






