Помошта е организирана како одговор на апелите од бискупите, кои предупредија на растечките тешкотии предизвикани од руските напади врз енергетската инфраструктура и температурите под нулата низ целата земја.
Три камиони со генератори и медицински материјали тргнаа од базиликата Света Софија во Рим и веќе пристигнаа во Фастив и Киев, области силно погодени од неодамнешните напади.
Покрај генераторите, доставени се илјадници медицински материјали, вклучувајќи антибиотици, антиинфламаторни лекови, додатоци во исхраната и мелатонин. Според официјалните лица на Ватикан, последните се многу барани бидејќи Украинците се борат со стрес и недостаток на сон поради континуираните напади.
Од Ватикан се додава дека се во тек подготовки за испраќање на уште една пратка лекови и храна, а дистрибуцијата ќе биде координирана преку мрежи на парохии низ цела Украина.
Откако ја презеде функцијата минатата година, папата Лео повика на „праведен и траен мир“ во Украина и понуди Ватикан да биде домаќин на мировни преговори меѓу Киев и Москва.
Украинскиот претседател Зеленски ја поддржа таквата иницијатива, додека руските претставници засега го отфрлија предлогот.
Пред да стане папа, Леп XIV ја осуди целосната инвазија на Русија врз Украина додека служеше како бискуп на Чиклајо во Перу.






