„Во време кога нашата Земја продолжува да е повредувана од војните во Светата Земја, во Украина и во многу други региони, ги повикувам сите верници да го поминат 22 август во пост и молитва“, рече Лео за време на својата денешна неделна аудиенција во Ватикан.
Папата ги советуваше верниците да го молат Бога да „ни даде мир и правда“ и да „ги избрише солзите на оние што страдаат поради вооружени конфликти“.
Откако беше избран за нов поглавар на Католичката црква на 8 мај, првиот американски папа неколку пати повика на крај на војната во Украина, а неговиот прв познат повик со странски лидер беше со украинскиот претседател Володимир Зеленски, со кого се сретна во јули.
Претходникот на Лео, папата Франциско, повика на посебен ден на молитва и пост минатиот октомври, на првата годишнина од војната во Појасот Газа.






