Поглаварот на Римокатоличката црква во говорот пред амбасадорите акредитирани во Светата столица употреби силни зборови повикувајќи ги луѓето да се вакцинираат.
Папата вакцинирањето го нарече чин на љубов, а однесувањето на луѓето кои одбиле да се имунизираат, го нарече „самоубиствено“.
Тој, исто така, истакна дека поединците имаат одговорност да се грижат за себе „и дека грижата за себе се преведува во почитување на здравјето на оние околу нас“.
„Здравствената заштита е морална обврска“, рече тој.
Тој се пожали дека сѐ повеќе идеолошките поделби се тие што ги обесхрабруваат луѓето да се вакцинираат.
„Луѓето честопати дозволуваат да бидат под влијание на идеологијата, често поддржани од неосновани информации или слабо документирани факти“, рече папата Франциско.
„Вакцините не се магично средство за исцелување, но тие секако претставуваат, меѓу другите третмани што треба да се развијат, најразумното решение за превенција од болести“, додаде папата.






